• среда, 18 декември 2024

Еколошки активисти истуриле супа врз стаклото што ја штити Мона Лиза

Еколошки активисти истуриле супа врз стаклото што ја штити Мона Лиза

Париз, 28 јануари 2023 (МИА) - Двајца еколошки активисти денеска истуриле супа врз блиндираното стакло што ја штити „Мона Лиза“ во Лувр, оправдувајќи ја својата постапка со желбата да го промовираат „правото на здрава и одржлива храна“.

Познатата слика на ренесансниот мајстор Леонардо да Винчи, која е изложена зад заштитно стакло од 2005 година, веќе неколку пати беше мета на вандали.

Во мај 2022 година, маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли тарт со крем кон Мона Лиза. Сликата не беше оштетена. паг/

Фото: Јутјуб

 

Остани поврзан