• понеделник, 23 декември 2024

Еколошки активисти ги блокираа патиштата пред британскиот Парламент

Еколошки активисти ги блокираа патиштата пред британскиот Парламент

Лондон, 4 ноември 2021 (МИА) - Десетици еколошки активисти денеска ги блокираа патиштата пред британскиот Парламент во Лондон.

Околу 60 приврзаници на групата „Изолирајте ја Британија“ блокираа два пата седејќи на земја. Претседателката на Долниот дом на британскиот Парламент Линдзи Хојл изјави дека е „целосно неприфатливо“ групата да влијае на демократските процеси откако еден од пратениците поради протестот не можел да дојде на седницата. Групата „Изолирајте ја Британија“ често организира блокади на патиштата во Лондон и во другите британски градови во последните неколку недели, барајќи од Владата да ја подобри енергетската ефикасност на греењето во домовите на луѓето до 2030 година. За време на протестите беа уапсени десетина демонстранти. Иако протестите предизвикаа гнев кај многу возачи, а официјалните лица ги осудија нивните постапки како неприфатливи, активистите најавија продолжување на „граѓанскиот отпор“. паг/  

Остани поврзан