• петок, 22 ноември 2024

„Ековита: За родова еднаквост и давање што поголемо значење на жените фармери во земјоделството

„Ековита: За родова еднаквост и давање што поголемо значење на жените фармери во земјоделството
Неготино, 7 јуни 2021 (МИА) - Еколошкото друштво „Ековита” ќе се залага за родовата еднаквост и давање што поголемо значење на жените фармери во земјоделството, кои во изминатиот период беа ставени во втор план и не доаѓаа до израз, информираше денеска претседателот Сашко Тодоров, координатор за Вардарски регион на ,,Рурална коалиција”. Пред дел од еко-активистите беа презентирани неколку проекти на кои во моментов се работи. За млади лидери, поддршка на млади претприемачи, промовирање на традиционални производи од Тиквешијата и рециклирање на органски отпад. Настанот беше дел од проектот за институционално јакнење на членките на „Рурална коалиција”.свд/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан