• сабота, 21 декември 2024

Еквадорецот Пинтадо олимписки првак во брзо одење на 20 километри

Еквадорецот Пинтадо олимписки првак во брзо одење на 20 километри

 

Париз, 1 август 2024 (МИА) – Еквадорскиот атлетичар Брајан Даниел Пинтадо денеска го освои златниот медал во брзо одење на 20 километри на Олимписките игри во Париз.

Пинтадо победи со време од еден час, 18 минути и 55 секунди.

Бразилскиот натпреварувач Каио Бонфим го освои среброто со 0,14 секунди заостанување, додека Шпанецот Алваро Мартин се закити со бронзата со 0,16 секунди заостанување зад Пинтадо. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан