• петок, 05 јули 2024

Едно лице загина, триесетина повредени на спортската парада во Канзас Сити по повод Супербол

Едно лице загина, триесетина повредени на спортската парада во Канзас Сити по повод Супербол

Вашингтон 15 февруари 2024 (МИА) - Едно лице е убиено, а триесетина се повредени во пукотниците за време на парада на Канзас Сити Чифс, освојувачите на Супербол (финале во американски фудбал), изјавија од полицијата во Канзас Сити.

Меѓу ранетите се и единаесет деца кои се во болница, но не е познато на која возраст се децата.

Полицијата задржала тројца осомничени, а градоначалникот ја повика јавноста да сподели фотографии, видео и други информации од местото на пукање.

Видео снимки од настанот покажуваат како полицајците трчаат кон местото на пукање во голема толпа луѓе покрај транспортен центар додека жртвите се изнесувани со возила за итна помош.

Од извор во органите за безбедност „Си-би-ес“ дознава дека пукотницата не е поврзана со тероризам.

Патрик Махомес, бек во Старс, на социјалната мрежа Х напиша: „Се молам за Канзас Сити“.

Од клубот на Чифс, победник во финалето Супербол што се одржа во неделата, изјавија дека никој од играчите не е повреден.

Ова е 48 масовно пукање во САД од почетокот на 2024 година. кб/паг/

 

Остани поврзан