Едно лице загина, а петмина се водат за исчезнати откако се преврте чамец кај Флорида
- Американската крајбрежна стража трага по пет лица кои се водат како исчезнати по превртувањето на брод во близина на Сент Луси на Флорида.

Вашингтон, 14 април 2025 (МИА) - Американската крајбрежна стража трага по пет лица кои се водат како исчезнати по превртувањето на брод во близина на Сент Луси на Флорида.
Крајбрежната стража соопшти дека четири лица се спасени на местото на несреќата, додека едно лице е пронајдено мртво.
Еден од патниците рече дека чамецот се превртел во петокот, според објавата на крајбрежната стража на социјалната мрежа „X“.
Вчера попладне властите известија дека потрагата по исчезнатите патници од превртениот брод сè уште трае.
Крајбрежната стража исто така соопшти дека потрагата започнала откако „добронамерен граѓанин го пријавил инцидентот“.
-Пронајдени се пет лица, од кои едно е починато. Четворица од нив се пренесени на понатамошна медицинска помош, соопштија од противпожарната служба. „Нашите тимови ги примија тие четворица пациенти со хеликоптер на аеродромот во Стјуарт“, додаваат тие.
Во друго соопштение, пожарникарите посочија дека едно лице се здобило со тешки телесни повреди, додека другите три се со повреди кои не се опасни по живот. Сите беа пренесени во Клиниката во Кливленд, Мартин Јужна болница во округот Мартин. мс/
фото: Американска крајбрежна стража