• недела, 29 септември 2024

Едно лице загина, четворица повредени во сообраќајка кај Страцин

Едно лице загина, четворица повредени во сообраќајка кај Страцин
Крива Паланка, 24 август 2020 (МИА) - Едно лице загина, а четири се повредени во денешната сообраќајна незгода што се случи кај селото Страцин во Општина Кратово.
Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи - Куманово, Живкица Чавдаревиќ, несреќата се случила попладнево, околу 15:50 часот кај селото Страцин, клучката кај местото „Чатал", спој на регионалниот пат од Општина Кратово со магистралниот пат А2, Куманово - Крива Паланка.
Чавдаревиќ посочи дека во незгодата дошло до директен судир помеѓу две патнички моторни возила, голф со регистарски ознаки од Општина Македонска Каменица и патничко моторно возило марка БМВ, со тетовски регистарски таблички.
- За жал, сообраќајната незгода заврши фатално за еден од патниците во возилата кои учествувале во незгодата, а четири лица се здобиле со телесни повреди и пружена им е потребната медицинска помош. МВР работи на утврдување на причините за несреќата, подетални информации ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден, рече Чавдаревиќ.ид/фф/
Фото: МИА Архива

Остани поврзан