• недела, 22 декември 2024

Едноставни две прашања за работа во мултимилијардерската компанија на Џеф Безос

Едноставни две прашања за работа во мултимилијардерската компанија на Џеф Безос

Сиетл, 10 јануари 2023 (МИА) - Американскиот милијардер Џеф Безос еднаш интервјуирал жена, потенцијално вработена во „Амазон“, поставувајќи ѝ само две прашања, а потоа ја вработил веднаш. Приказната за тоа стигна до американските медиуми.

Имено, Ен Хијат се пријавила за работа во „Амазон“ во 2002 година, па по низата помали интервјуа, стигнала и до Безос, а потоа работите почнале да се движат „многу брзо“, како што вели таа. Безос почнал со обична „закачка“...

- Ќе почнеме со математичка задача... Сакам да го процените бројот на стакленици во градот Сиетл, рече тој.

Таа одговорила дека најдобриот начин да се одреди тој број вклучува броење на населението во градот и потоа собирање, во зависност од тоа дали имаат дом, превоз, канцеларија и дали одат на училиште.

- Затоа предложив заедно да ја засноваме проценката и збирот на тие средни вредности, раскажува таа.

Тие потоа заедно го разгледале секое можно сценарио, збир и аномалија и на крајот, заедно, тимски дошле до проценка, а Безос бил задоволен. Второто прашање што ѝ го поставил, било налик поедноставно.

- Кои се Вашите цели во кариерата?, гласело прашањето на работодавецот.

Хијат објаснила дека сака да работи во „Амазон“, бидејќи, според нејзиното мислење, компанијата ја сочинуваат луѓе со амбиција и страст, од кои сака да учи и на кои би сакала да се угледа. Тоа било доволно за Безос да ја вработи.  си/

Остани поврзан