• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Еди Хау ќе пропушти уште два натпревари со Њукасл поради болест

Еди Хау ќе пропушти уште два натпревари со Њукасл поради болест

Њукасл, 14 април 2025 (МИА) - Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, кој беше хоспитализиран поради влошена здравствена состојба, ќе ги пропушти следните два натпревари на тимот, објави клупската прес-служба.

Стручњакот бил примен во болница на 11 април. Според „Скај Спортс“, му била дијагностицирана пневмонија. Во натпреварот од 32. коло на Премиер лигата против Манчестер Јунајтед (4:1) тимот го предводеа помошниците на Хау - Џејсон Тиндал и Греам Џонс.

-Клубот ги испраќа своите најдобри желби и поддршка до Еди и неговото семејство додека тој продолжува да закрепнува. Тиндал и Џонс ќе го водат тимот на натпреварите од Премиер лигата против Кристал Палас (16 април) и Астон Вила (19 април). Дополнителни информации ќе бидат објавени во догледно време, се вели во соопштението на "црно-белите".

Њукасл на 31 натпревар освои 56 бода и се наоѓа на четвртото место во англиската Премиер лига. дс

Фото: Архива

Остани поврзан