• петок, 20 декември 2024

Единаесети протест „Србија против насилството“ во Белград, до Палата на правдата и блокада на автопатот кај Газела

Единаесети протест „Србија против насилството“ во Белград, до Палата на правдата и блокада на автопатот кај Газела

 

Белград, 1 јули 2023 (МИА) – Единаесетиот протест Србија против насилството, покрај Белград се одржа и во други градови во Србија со блокада на сообраќајот, јави дописникот на МИА од Белград.

Протестот во Белград, почна од платотото пред Народното собрание, од каде граѓаните со блокада на собраќајот по централните улици, дојдоа до Палата на правдата каде говореа истакнати правници, а потоа беше блокиран автопатот кај мостот Газела и блиската Мостарска раскрсница.

Акцент на единаесетиот протест Србија против насилството беше ставен на состојбите во правосудството. Потпретседателката на ССП Мариника Тепиќ на Твитер ги објави причините поради кои денешниот протест е пред Палатата на правдата.

-Ова е жариште на правното насилство! Затоа денеска протестот оди до Палатата на (не)правдата. Тука е и Вишото јавно обвинителство каде: се прикрива случајот „Савамала“,запрен е случајот „Хеликоптер“, побаран е притвор за полицајката Катарина, сменети се антикорупциските обвинителки, шефот на штабот на Вулин, Н.Стефановиќ, напиша Тепиќ на Твитер.

Вчера протести против насилството се одржаа во повеќе градови во Србија, Нови Сад, Шабац, Пожаревац, Чачак, Јагодина, Крагуевац, Ниш, Врање, Зајечар, а во четврткот во Сомбор и Крушевац, каде покрај главото барање, во другите градови беа упатувани и барања со локални проблеми.

Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Проевропската опозиција технички ги организира овие граѓански протести кои започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција ги подржува и учествува на нив.

Проевропската опзицијата која во собранието ги застапува барањата од протестите, во повеќе наврати постави и политички барања, како што се одржување на изборите за град Белград.

об

Остани поврзан