• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Еден убиен и еден повреден државјанин на Северна Македонија на Халкидики

Еден убиен и еден повреден државјанин на Северна Македонија на Халкидики

Атина, 15 јули 2023 (МИА) – Двајца државјани на Северна Македонија во текот на ноќта биле застрелани во Ханиоти на Халкидики, едниот починал, а другиот повреден е пренесен во болница, јави дописничката на МИА од Атина. 

Неофицијално, непознати маскирани лица ги застрелале двајцата мажи додека се наоѓале во сместувањето што го изнајмиле.

Едниот од нив, 45-годишниот починал, додека пак другиот на 39-годишна возраст со повреди бил пренесен во болница. ср/нд/

 

Остани поврзан