• вторник, 05 ноември 2024

Еден загинат и околу 20 повредени во две престрелки во САД во Ноќта на вештерките

Еден загинат и околу 20 повредени во две престрелки во САД во Ноќта на вештерките
Полицијата соопшти дека 14 лица, меѓу кои две деца и еден тинејџер, се повредени во пукотница во Чикаго. Седум од повредените, меѓу кои и тројцата малолетници, се во тешка или критична состојба. Двајцата напаѓачи, кои патувале во темен џип, пукале во група која стоела на раскрсница, соопшти полицијата. Властите во Чикаго соопштија дека 13 лица биле застрелани, а едно било удрено од автомобил. - Полицијата не ги идентификува сторителите и нема детали за мотивот, изјави високиот полициски службеник Дејвид Браун, на брифинг во Чикаго. Овие два случаи се уште една манифестација на крваво насилство по пукотниците во училиштата во САД, во кои само годинава загинаа и беа повредени десетици луѓе. Ова придонесе за долготрајни дебати во САД за контрола на оружјето. Една од најголемите трагедии беше пукањето во училиште во Јувалди, Тексас, кога вооружен маж уби 19 деца и двајца возрасни. паг/  

Остани поврзан