• понеделник, 20 мај 2024

Еден загинат и десетмина повредени во сообраќајка кај Струмица (ДПЛ)

Еден загинат и десетмина повредени во сообраќајка кај Струмица (ДПЛ)
Струмица, 8 јуни 2020 (МИА) - Едно лице загина, а десет се потешко и полесни повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи во 18:50 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш, пред крстосницата за селото Василево, објави Територијалната противпожарна единица на Струмица, која во извлекувањето на настраданите користела специјални хидраулични алатки. Според очевидци во еден автомобил имало мигранти кои се превезувале со голема брзина. Бегајќи од полицијата најпрвин удрил во автомобил, во кој бил загинатиот, а педесетина метри потоа излетал од патот и се забил во ѕид. Сообраќајот кон Струмица е во прекин и се насочува по стариот пат преку селото Добрејци. рт/дма/

Остани поврзан