• сабота, 21 декември 2024

Егоров освои бронзен медал на МИ во Алжир

Егоров освои бронзен медал на МИ во Алжир
Оран, 28 јуни (МИА) – Македонскиот борач Владимир Егоров го освои бронзениот медал на Медитеранските игри во Алжир. Тој вечерва во репасажот го победи Абделхак Кербаче со 7:2. Егоров поведе со 1:0, домашниот борач направи пресврт и дојде во водство со 2:1, а потоа следуваа шест врзани победи за македонскиот борач за конечни 7:2. Македонското борење вечерва ќе освои уште еден медал, а дали ќе биде златен или сребрен зависи од исходот на борбата на Магомедгаџи Нуров со Фејзулах Актурк од Турција. зс/

Остани поврзан