• понеделник, 23 декември 2024

Египет сака да го уреди Суецки Канал за двонасочен сообраќај

Египет сака да го уреди Суецки Канал за двонасочен сообраќај
Каиро, 16 февруари 2022 (МИА) - Египет ќе уреди дополнителни 10 километри од Суецки Канал за двонасочен сообраќај, а уште 30 километри ќе се прошират и продлабочат, најави извршниот директор на Суецкиот Канал, Осама Рабие. Тој додаде дека би било прескапо да се прошири каналот долг 190 километри, што ги поврзува Црвено и Средоземно Море, па затоа ќе се продлабочува само делот што ќе овозможи двонасочен сообраќај од сегашните 75 на 85 километри. Според него целата на проширувањето е безбедност на сообраќајот. Во втората фаза ќе се проширува каналот 30 километри од јужниот влез за 40 метри и ќе се продлабочува два метра, во делот каде минатата година заглави бродот „Евер Гивен“. - Тоа е тежок дел од каналот, на тоа место продлабочувањето и проширувањето на свиоците во каналот ќе се израмнат и ќе се намали влијанието на јужните ветрови, посочи Рабие. Проектот ќе чини три милијарди египетски фунти (околу 191 милион долари), а предвидено е да заврши до крајот на јуни 2023 година. ми/

Остани поврзан