Египет и Катар се блиску до договор за продолжување на примирјето во Газа за уште два дена
- -Продолжувањето од два дена би значело ослободување на уште 20 израелски заложници и 60 палестински затвореници, објасни Рашван, пренесоа британските медиуми.
Каиро, 27 ноември 2023 (МИА) - Египет и Катар се блиску да помагнат во постигнувањето договор со кој за два дена ќе се продолжи примирјето меѓу Израел и Хамас, изјави денеска шефот на египетската Државна информативна служба (СИС) Дија Рашван.
-Продолжувањето од два дена би значело ослободување на уште 20 израелски заложници и 60 палестински затвореници, објасни Рашван, пренесоа британските медиуми.
Се очекува денеска да бидат ослободени 11 израелски заложници, а во тек се преговорите за ослободување на уште 33 палестински затвореници, додаде тој.
Израел претходно соопшти дека четиридневното примирје, кое почна во петокот во 6 часот, може да биде продолжено доколку Хамас ослободува по 10 заложници дневно. сд/
фото:МИА архива