• недела, 22 декември 2024

Египет гради втор камп за раселените Палестинци во градот Кан Јунис во јужна Газа

Египет гради втор камп за раселените Палестинци во градот Кан Јунис во јужна Газа

Каиро, 25 февруари 2024 (МИА) - Египет гради втор камп за раселените Палестинци во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа во соработка со Црвениот крст во Палестина, објави ТВ Ал-Кахера њуз.

Египетските власти го изградија првиот камп во Кан Јунис минатиот декември и го проширија во јануари. Новиот камп, кој ќе има струја и вода, ќе се состои од 400 шатори со капацитет од 4.000 луѓе.

Следниот чекор е изградба на теренска болница во пограничниот град Рафа и медицински камп во Деир ал Балах во центарот на Газа. Во Рафа ќе бидат формирани и два центри за дистрибуција на помош.

Според Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), повеќе од 85 отсто од 2,4 милиони луѓе во енклавата се внатрешно раселени од почетокот на конфликтот на 7 октомври минатата година, кога Хамас и други палестински фракции го нападнаа јужниот дел на Израел, при што загинаа околу 1.200 луѓе. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан