• сабота, 21 декември 2024

Египет: Ајкула му одгризала рака на 12-годишно момче

Египет: Ајкула му одгризала рака на 12-годишно момче
Шарм Ел Шеик, 28 октомври 2020 (МИА) - Малолетно момче турист од Украина ја загуби раката, а туристичкиот водич ја загуби ногата во редок напад на ајкула во близина на одморалиште Шарм Ел Шеик, во Египет, на Црвеното Море, објавија тамошните власти. Нападот се случил викендов, кога двајца туристи, мајка и син и нивниот туристички водич, нуркале во Националниот морски парк „Рас Мохамед“, се наведува во соопштението на Министерството за животна средина. Повредените биле пренесени во блиската болница, а првичната истрага покажала дека луѓето биле нападнати од океанска белоперка, долга два метра. Во соопштение на украинската Државна агенција за туризам се вели дека 12-годишното дете потоа било на интензивна нега и дека лекарите со операција не успеале да му ја спасат раката. Египетските власти пак, соопштија дека семејниот водич ја загубил ногата, а мајката претрпела полесни повреди. Официјални лица ја затворија областа на Националниот парк каде што се случил нападот. си/ми/

Остани поврзан