• петок, 05 декември 2025

Европски фронт бара санкции за негирањето на геноцидот во Сребреница

Европски фронт бара санкции за негирањето на геноцидот во Сребреница

Скопје, 18 јуни 2025 (МИА) - Европскиот фронт бара дополнување на членот 407 а од Кривичниот законик со кој се предлага јасна и недвосмислено санкционирање на негацијата на геноцидот во Сребреница, изјави денеска на прес-конференција пратеничката од ДУИ Дијана Тоска. 

-Како акт кој не само што длабоко ги навредува жртвите и нивните семејства туку претставува и закана за правниот поредок, мирот и стабилноста на граѓаните. Овој предлог произлегува од неколку суштински основи. Геноцидот во Сребреница извршен во јули 1995 година е потврден како правен акт од страна на највисоките меѓународни судови, вклучително и меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југослвија и меѓународниот суд на правдата. Со Резолуцијата од 23 мај 2024 година усвоена од Генералното собрание на ОН светот ја осуди секоја форма на негација или релативизација на овој геноцид, рече Тоска. 

Потсети дека РСМ дека ја поддржа резолуцијата, а со овој законски предлог го конкретизира политичкиот и моралнио ангажман што го презеде пред меѓународната заедница. 

Тоска кажа дека со ова сакаат да дадат поддршка на бошњачката заедница и поради статус на социјалните мрежи на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ. ев/са/ 

ФОТО: МИА 

Остани поврзан