• недела, 22 декември 2024

Европски сојуз за променa: За функционерите малку беше покачување на платите за 78 отсто, сега плус 400 евра

Европски сојуз за променa: За функционерите малку беше покачување на платите за 78 отсто, сега плус 400 евра

Скопје, 3 јануари 2024

За функционерите малку беше покачување на платите за 78 отсто, сега плус 400 евра, а за граѓаните милостина од 2 илјади денари . Изнудувањето на народот во секоја можна форма е хронична болест на оваа власт. Без никаков срам ги лажат граѓаните и ги крадат. Сега кога се ближат изборите, власта почна предизборна кампања, манипулирајќи го народот со наводно антикризни мерки, со кои за само пет месеци на учениците ќе им се делат 1.200 денари (20€), 2000 и 3.000 денари на пензионерите , но бессрамноста набрзо излезе на виделина, бидејќи од јануари, оваа актуелна власт на СДСМ, ДУИ и АА ги зголемува платите на нивните функционери со 24.000 денари плус, односно 400 евра. Како што велат тие, ова зголемување на платата се должи на зголемувањето на просечната плата. Сепак, тоа се случува само неколку месеци откако Владата ги зголеми платите на државните функционери за 78%. А со неодамнешното зголемување, сега повеќето владини функционери ќе имаат плати од 2.500 до 3.000 евра. А замислете, се фалат што ја зголемиле минималната плата на 22.500 денари или околу 370 евра. Има ли поголем срам, има ли поголема изнуда, има ли поголема дволичност од оваа власт и нејзините функционери. Замислете после неколку месеци да излезат да го побараат гласот на граѓаните и бесрамно да кажат; гласајте за нас кои имаме плати од 3000€, а платата на народот е до 370€! Срам!

Европскиот сојуз за промени ги повикува надлежните институции што поскоро да го испитаат ова прашање и да изнајдат законско решение платите на функционерите да бидат во согласност со стандардот на граѓаните, а не со желбата на власта. Ако оваа Влада молчи, Европскиот сојуз за промени ветува дека штом ќе ја добие довербата од народот, во првите денови од неговото владење со институциите, сериозно ќе го испита прашањето за месечните плати на државните функционери. Во тој случај ќе се создадат услови разликите да бидат во рамките на реалните можности, и ќе се продолжи да се работи на зголемување на платите на граѓаните.

Европски сојуз за променa

Фото: Европски сојуз за променa

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан