Европски сојуз за промена: ДУИ ги измами Албанците со Зибери, а сега и со Џафери како техничко-административен премиер
- ДУИ билa, е и ќе остане неуспешна. Замислете, од Насер Зибери како премиер со целосни овластувања, завршија кај премиерот Талат Џафери кој самиот ќе има административни овластувања.
Скопје, 9 декември 2023
Европскиот Сојуз за Промена: ДУИ прво ги измами Албанците со Насер Зибери, а сега и по втор пат со Талат Џефери како техничко-административен премиер.
ДУИ билa, е и ќе остане неуспешна. Замислете, од Насер Зибери како премиер со целосни овластувања, завршија кај премиерот Талат Џафери кој самиот ќе има административни овластувања.
Европскиот Сојуз за Промени дефинитивно е ПРО за да има премиер Албанец. Но, против албанскиот премиер е и самата ДУИ, која ја загуби можноста да има премиер Албанец пред четири години кога ги измами Албанците да гласаат за Насер Зибери, додека ДУИ гласаше за Зоран Заев, а потоа за Димитар Ковачевски во Собранието за премиер. Зошто? Затоа што ДУИ не е заинтересирана за високи државни функции да работи во интерес на Албанците и државата, туку само да манипулира со јавноста и да краде, и да носи инвеститори за казинa и обложувалници од Србија и Русија.
Со техничкиот премиер, ДУИ двапати ги лаже Албанците, оти албанскиот премиер за 20 години ќе остане пропаднат функционер. Додавајќи ги и последните скандали дека е во контакт со Никола Груевски за да работи против албанската опозиција. ДУИ предложила кандидат за албански премиер, личност која нема да има никаква надлежност, туку ќе биде марионета во премиерската фотелја, само за да се организираат изборите.
И кога сме кај албанскиот премиер, секој Албанец би бил прифатлив за премиер, па макар и технички (затоа што ДУИ има толку капацитет), но не Талат Џафери. Како да очекуваме фер и демократски избори да организира влада предводена од Талат Џафери, кој од позиција на претседател на Собранието го спречува албанскиот опозициски гласач да има свој претставник во ДИК. Со кандидатурата на Талат Џафери, ДУИ дава уште еден доказ дека се подготвува да манипулира со изборите!
Европскиот сојуз за промена
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.