• понеделник, 23 декември 2024

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија со 200 милиони евра поради непочитување на правилата за азил

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија со 200 милиони евра поради непочитување на правилата за азил

Хаг, 13 јуни 2024 (МИА) - Европскиот суд на правдата и нареди на Унгарија да плати казна од 200 милиони евра и уште еден милион евра дневно доцнење поради непочитување на правилата за азил на Европската унија.

Во декември 2020 година, судот пресуди дека Унгарија не ја почитувала политиката на Унијата за доделување меѓународна заштита и враќање на илегалните мигранти.

„Судот во својата пресуда смета дека Унгарија не ги презела потребните мерки за усогласување со пресудата од 2020 година“, се наведува во соопштението.

Се додава дека намерното избегнување на примената на заедничката политика на ЕУ „претставува невидено и крајно сериозно кршење на правата на ЕУ“. паг/

Фото: МИА архива
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан