• недела, 22 декември 2024

Европскиот суд го отфрли случајот против Ватикан за сексуална злоупотреба

Европскиот суд го отфрли случајот против Ватикан за сексуална злоупотреба
Рим, 12 октомври 2021 (МИА) - Европскиот суд за човекови права денеска одлучи дека Ватикан не може да биде тужен пред локалниот суд за сексуална злоупотреба извршена од католички свештеници, потврдувајќи дека Светата столица ужива суверен имунитет и дека не може да и се припишат кривичните дела на свештениците и нивните претпоставени. Европскиот суд го отфрли случајот инициран од 24 лица кои тврдат дека се жртви на сексуално насилство од свештеници во Белгија и дека Светата столица е одговорна за „структурните недостатоци“, поради што „Католичката црква ги прикрива случаите на силување на свештеници и малтретирање деца со децении“. Тие поднесоа жалба до судот во Стразбур откако белгиските судови заклучија дека немаат надлежност со оглед на имунитетот на Светата столица како суверена држава. Европскиот суд објави дека судот во Белгија бил во право и дека на жртвите не им е одземено правото на судење и ја потврди одлуката дека Светата столица ужива суверен имунитет и дека не се применува исклучок од тоа правило бидејќи погрешно однесување на бискупот во случаи на злоупотреба не може да се припише на Ватикан. паг/  

Остани поврзан