• недела, 22 декември 2024

Европска вселенска агенција ќе добие речиси 17 милијари евра од 22 земји-членки

Европска вселенска агенција ќе добие речиси 17 милијари евра од 22 земји-членки
Париз, 23 ноември 2022 (МИА) - Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе добие 16,9 милијарди евра од 22 земји-членки, изјави денеска генералниот директор на ЕСА Џозеф Ашбахер. Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер потврди дека денеска речиси 17 милијарди евра ќе добие Европската вселенска агенција, при што Франција ќе учествува во вкупната сума со 3,2 милијарди евра. ЕСА побара од своите 22 земји-членки да одвојат 18,5 милијарди евра за финансирање на ракетни лансирања, сателити и европско учество во планетарните истражувања во периодот од 2023 до 2025 година, што е повеќе од 14,5 милијарди во претходниот период. ми/

Тагови

Остани поврзан