• петок, 05 декември 2025

Европската џудо унија со видеоклип го најави Европско кадетско првенство во Скопје

Европската џудо унија со видеоклип го најави Европско кадетско првенство во Скопје

Скопје, 12 јуни 2025 (МИА) - Европската џудо унија (ЕЏУ) денеска со специјален видео клип го најави претстојното Европско првенство за кадети и кадетки Скопје 2025.

Првенството ќе се одржи во македонската престолнина од 26 до 29 јуни.

Натпреварувањето ја опфаќа возрасната категорија кадети во машка и женска конкуренција родени 2008/09/10 година со  вкупно 16 тежински категории (осум во машка и осум во женска категорија).

Борбите ќе се одвиваат во поединечна и екипна конкуренција.

На овој настан своето присуство го најави и претседателот на ЕЏУ, Ласло Тот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан