Европската централна банка ги зголеми каматните стапки за 25 базични поени на рекордни четири отсто
- Европската централна банка повторно ги зголеми каматните стапки за 25 базични поени на рекордни четири отсто и соопшти дека таквиот потег ќе даде „значаен придонес“ за ставање под контрола на инфлацијата.
Франкфурт, 14 септември 2023 (МИА) - Европската централна банка повторно ги зголеми каматните стапки за 25 базични поени на рекордни четири отсто и соопшти дека таквиот потег ќе даде „значаен придонес“ за ставање под контрола на инфлацијата.
Управниот совет одлучи да ги зголеми трите клучни каматни стапки на ЕЦБ за 25 базични поени и соодветно каматната стапка на главните операции за рефинансирање и каматните стапки на маргиналната кредитна линија и депозитната линија ќе се зголемат на 4,50 отсто, 4,75 отсто и 4,00 проценти, соодветно, од 20 септември 2023 година.
Централната банка објави дека ќе ги постави трошоците за задолжување на „доволно рестриктивни нивоа колку што е потребно“. паг/
Фото: МИА архива