• понеделник, 23 декември 2024

Европратениците одобрија зголемување на производството на муниција

Европратениците одобрија зголемување на производството на муниција

Брисел, 1 јуни 2023 (МИА) – Европратениците денеска го одобрија предлог-законот за зголемување на производството на муниција во Европската унија со цел да се вратат резервите и да се забрза испораката во Украина. Законот за „поддршка за производство на муниција“ беше усвоен со 446 гласа „за“, 67 против и 112 воздржани, на мини-пленарната седница во Брисел.

На почетокот на мај, Европската комисија го претстави тој план, кој вклучува 500 милиони евра за зајакнување на капацитетот за производство на муниција во ЕУ на еден милион проектили годишно. Тоа треба да овозможи кофинансирање на инвестициите на индустријалците за зголемување на производството на нивните фабрики во ЕУ.

Според комесарот за индустрија Тиери Бретон, заедно со финансирањето на земјите членки, инвестицискиот капацитет би бил една милијарда евра.

Европратениците кои одлучија да ја спроведат итната процедура за усвојување на тој закон, сега треба да почнат преговори со Советот на ЕУ (земјите членки) за постигнување договор, и да одат на конечно усвојување на пленарна седница во јули. зш/

Остани поврзан