• сабота, 23 ноември 2024

Европол: Во Шпанија откриена печатница за фалсификувани документи

Европол: Во Шпанија откриена печатница за фалсификувани документи
Хаг, 8 октомври 2021 (МИА) - Припадниците на шпанската национална полиција и полицијата на Барселона, со поддршка од Европол разбија организирана криминална група која се занимавала со имотни деликти, илегална имиграција и изработка на фалсификувани документи. Криминалната мрежа била вклучена во фалсификување и дистрибуција на документи, а исто така тргувала и со оригинални документи, украдени во Шпанија, кои ги користеле луѓе со слични физички карактеристики од земјите од Блиски Исток, со цел да го олеснат нивниот илегален влез во Европска Унија, се наведува во соопштението на Европол. За време на полициската акција, спроведена во јули откриени се речиси 2.000 фалсификувани пасоши и лични карти од 56 различни националности, а запленети се околу 13.000 евра. Печатницата за изработка на лажни документи била сместена во куќата на главниот осомничен во Барселона. ми/

Остани поврзан