• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Европа ќе издвои 10 милиони евра дополнителна помош за Мјанмар

Европа ќе издвои 10 милиони евра дополнителна помош за Мјанмар

Брисел, 8 април 2025 (МИА) - Европската комисија обезбеди дополнителна хуманитарна помош од 10 милиони евра за жртвите од земјотресот во Мјанмар, јавуваат странските агенции.

Средствата ќе бидат искористени за обезбедување итни засолништа, медицинска помош, вода за пиење и санитарни јазли за жртвите од разорниот земјотрес што ја погоди земјата на 28 март.

Десет дена по земјотресот со јачина од 7,7 степени, бројот на загинати надмина 3.500. Според воената хунта која владее со Мјанмар, 210 лица се уште се водат како исчезнати.

„Нашиот приоритет останува да обезбедиме хуманитарната помош да стигне до оние на кои им е потребна што е можно побрзо“, рече европскиот комесар за управување со кризи Хаџа Лабиб.

„Повторно ги повикуваме сите земји да им овозможат непречен пристап на хуманитарните организации за да можат безбедно и ефективно да работат и да пружат помош за спасување животи“, додаде таа.

Со новиот пакет, вкупниот европски придонес изнесува 13 милиони евра и е дел од пошироката хуманитарна програма од 46 милиони евра за 2025 година.

Дванаесет европски експерти и двајца офицери за врска се на терен за да се координираат со хуманитарните партнерски организации.

Од Копенхаген полета авион со 80 тони основни производи од европските залихи. Европа, исто така, помага да се процени штетата. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан