• вторник, 02 јули 2024

Евролига: Анадолу Ефес прв финалист на фајнлфорот во Келн

Евролига: Анадолу Ефес прв финалист на фајнлфорот во Келн
Келн, 28 мај 2021 (МИА) – Екипата на Анадолу Ефес е првиот финалист во овогодишното издание на кошаркарската Евролига, откако турскиот тим триумфираше вечерва во првото полуфинале на фајнлфорот во Келн над актуелниот бранител на трофејот московска ЦСКА со 89:86. Во „реприза“ од последното финале во Евролигата од пред две години, Ефес доминираше во првите три четвртини, влегувајќи во завршниот период со убедливи плус 20 поени предност (71:51). Од тој момент уследи голем пад во играта на екипата од Истанбул, што ЦСКА го искористи да го однесе полуфиналето во драматична завршница во која, сепак, на крајот победи Ефес. Најефикасен во редовите на Анадолу Ефес беше Василије Мичиќ со 25 поени. Турскиот тим својата прва европска титула во клупската историја ќе се обиде да ја освои в недела, а противник ќе му биде победникот од второто полуфинале во кое вечерва играат Барселона и Армани. ег/сд/

Остани поврзан