• сабота, 05 октомври 2024

Евролигата ќе ги објави носителите на „вајлд-карти“ подоцна од вообичаеното поради пандемијата

Евролигата ќе ги објави носителите на „вајлд-карти“ подоцна од вообичаеното поради пандемијата
Барселона, 20 април 2020 (МИА) - Евролигата ќе ги објави добитниците на вајлд-карта за следната сезона подоцна од вообичаеното заради пандемијата на коронавирус. Огласот за вајлд-карти може да се појави подоцна од минатата година, обично тоа се случува до крајот на јуни. Но, со оглед на моменталната состојба, овој процес може да биде одложен поради доцното завршување на сезоната. Во исто време, имињата на клубовите кои поседуваат вајлд-карти нема да бидат објавени до крајот на оваа сезона, се вели во прес-службата на кошаркарското елитно натпреварување. Сезоната во Евролигата 2019/20 беше суспендирана на 12 март поради пандемијата на коронавирус. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан