• понеделник, 23 декември 2024

Еврокуп најави одложување на три натпревари од 6. коло

Еврокуп најави одложување на три натпревари од 6. коло
Барселона, 3 ноември 2020 (МИА) – Раководството на кошаркарскиот Еврокуп официјално објави одложување на три натпревари од 6. коло во регуларниот дел од сезоната поради коронавирусот. Натпреварот Бреша - Будуќност (првично закажан за 3 ноември) е одложен по барање на црногорскиот клуб. Средбата Виртус - Лиеткабелис (првично закажана за 4 ноември) е одложена по барање на литванскиот клуб. Дуелот Монако - Андора (првично закажан за 4 ноември) е одложен по барање на шпанскиот клуб. зс/

Остани поврзан