• недела, 24 ноември 2024

Еврејската заедница во Рим го осуди однесувањето на навивачите на Лацио

Еврејската заедница во Рим го осуди однесувањето на навивачите на Лацио

Рим, 20 март 2023 (МИА) – Еврејската заедница во Рим го осуди денеска антисемитското скандирање на навивачите на Лацио за време на градското дерби против Рома.

„Целата трибина во хор пееше антисемитска песна истакнувајќи слика на Хитлер во бројот 88. Дали е можно сите и понатаму да се однесуваат како ништо да не се случи“, напиша на Твитер претседателската на еврејската заедница во Рим, Рут Дирегело.

Италијанскиот министер за спорт Андреа Абоди веднаш реагираше на објавата.

„Невозможно е да се однесуваме како ништо да не се случило. Јас ќе го завршам својот дел од работата, бидејќи чувствувам должност“, одговори Абоди на Твитер.

Овие обвинувања доаѓаа само 12 денови откако Италијанската фудбалска федерација објави отворање истрага за наводно антисемитско скандирање од навивачи на Лацио за време на натпреварот против Наполи во Неапол на 3 март. ег/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан