Евертон го обнови договорот со капитенот Колман (видео)
- Капитенот на Евертон, Симус Колман го продолжи договорот со клубот. Новиот договор е пресметан до 2023 година, стои на веб -страницата на премиерлигашот од Ливерпул.
Ливерпул, 29 јули 2021 (МИА) - Капитенот на Евертон, Симус Колман го продолжи договорот со клубот. Новиот договор е пресметан до 2023 година, стои на веб -страницата на премиерлигашот од Ливерпул.
Дефанзивецот се приклучи на „карамелите“ во 2009 година за 60.000 фунти од Слајго Роверс и одигра 350 натпревари за клубот од Мерсисајд.
Колман е и капитен на ирската репрезентација, за која забележа 59 настапи. зс/