Еванс се повлекува од фудбалот
- Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Џони Еванс, ќе ја заврши својата фудбалска кариера. Англискиот клуб веќе објави дека 37-годишниот репрезентативец на Северна Ирска ќе го напушти тимот по завршувањето на неговиот договор.
Манчестер, 31 мај 2025 (МИА) - Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Џони Еванс, ќе ја заврши својата фудбалска кариера. Англискиот клуб веќе објави дека 37-годишниот репрезентативец на Северна Ирска ќе го напушти тимот по завршувањето на неговиот договор.
Новинарот Енди Митон објави по вчерашниот натпревар на тимот со репрезентацијата на Хонг Конг на социјалната мрежа X дека Еванс всушност ќе престане да игра фудбал.
За време на својата кариера, тој играше за Манчестер Јунајтед, Сандерленд, Антверпен, Вест Бромвич и Лестер, освојувајќи 15 трофеи. Со „Црвените ѓаволи“ дефанзивецот е трикратен шампион на Англија, победник на ФА Купот и трикратен победник на Суперкупот, а има титули и од Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.
Вкупно, Еванс одигра 537 натпревари на клупско ниво и 107 за репрезентацијата на Северна Ирска. дс
Фото: Архива