Евакуирана судската зграда во Подгорица поради закана од бомба
- „Нешто многу големо ќе се случи, нашето братство постави многу моќен експлозив на неколку места, да видиме дали ќе го најдете пред ударот. Ве предупредуваме, а вие продолжете да ги следите политичките лидери. Да живее Србија, да живее Русија, да живее Република Српска“, се наведува во заканувачкиот мејл.
Подгорица, 11 март 2024 (МИА) - Поради дојава за бомба евакуирана е зградата во која се наоѓаат Врховниот, Апелациониот и Вишиот суд во Подгорица.
Како што дознава порталот РТЦГ, информацијата за поставената бомба била добиена по електронска пошта.
„Нешто многу големо ќе се случи, нашето братство постави многу моќен експлозив на неколку места, да видиме дали ќе го најдете пред ударот. Ве предупредуваме, а вие продолжете да ги следите политичките лидери. Да живее Србија, да живее Русија, да живее Република Српска“, се наведува во заканувачкиот мејл.
Во тек е контрадиверзантски преглед во зградата на судовите во Подгорица. сд/
фото: МИА архива