• сабота, 23 ноември 2024

ЕАСА бара авиопревозниците да не летаат над Белорусија

ЕАСА бара авиопревозниците да не летаат над Белорусија
Келн, 26 мај 2021 (МИА) - Агенцијата на ЕУ за безбедност на воздушниот сообраќај (ЕАСА) денеска ги повика сите авиокомпании да го избегнуваат просторот над Белорусија од безбедносни причини, нагласувајќи дека принудното слетување на авионот на Рајанер ја доведе во прашање способноста на земјата да обезбеди воздушна безбедност. ЕАСА ги советува авиокомпаниите, како и превозниците кои не се членки на ЕУ, да ја избегнуваат областа над Белорусија, освен во итни случаи. - Околностите на овој случај ја доведуваат во прашање усогласеноста на Белорусија со меѓународните правила за цивилна авијација. Пренасочувајќи го авионот, Белорусија ја загрози безбедноста на летови и ја доведе во прашање способноста на државата за безбедност на воздушниот сообраќај, се наведува во соопштението на ЕАСА. ми/

Остани поврзан