• среда, 27 ноември 2024

Дурмиши - Ризваноли: Зголемена соработка помеѓу двете земји ќе донесе просперитет за граѓаните на Северна Македонија и Косово

Дурмиши - Ризваноли: Зголемена соработка помеѓу двете земји ќе донесе просперитет за граѓаните на Северна Македонија и Косово

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамки на официјалната посета на Приштина, Република Косово, денеска остварил работна средба со министерката за економија Артане Ризваноли, на која биле разменети мислења за важни прашања поврзани со продлабочувањето на трговската соработка меѓу двете земји, идните проекти за регионално поврзување.

Дурмиши за време на средбата нагласил дека Министерството за економија и труд со превземање на новите надлежности ќе биде фокусирано меѓу другото на поголемо регионално поврзување и поддршка на домашниот бизнис за зголемување на конкурентноста.

- Ние сме заинтересирани да ја зголемиме соработката со Република Косово на секое поле. Визијата и стратегијата која ја имаме пред нас како Влада предвидува поблиска регионална соработка, а само преку меѓусебна поддршка пред се во делот на регионални проекти уверен сум дека придобивките ќе бидат двострани и напредокот ќе биде видлив и за двете земји, рекол министерот Дурмиши, стои во соопштението од ресорното министерство.

Тој го изразил своето силно верување дека регионалната конкурентност ќе ја зајакне отпорноста на регионот, ќе донесе просперитет за граѓаните, создавајќи посилен пазар на трудот, ќе донесе раст и светла иднина за економиите и истовремено ќе ги подготви за влез на големиот пазар на Европската Унија.

Двајцата министири, се додава во соопштението, се согласиле дека постојат повеќе иницијативи за регионално поврзување, и постои свест кај двете Влади за придобивките кои ги носат регионалните интеграции. Потребно е активно да се работи од двете страни на спроведување на иницијативите и договорите за спроведување на регионалните интеграции. цр/ац/

Фото: Министерство за економија и труд 

Остани поврзан