• недела, 22 декември 2024

Конституиран новиот состав на ЕСС, за претседател избран министерот за економија Бесир Дурмиши

Конституиран новиот состав на ЕСС, за претседател избран министерот за економија Бесир Дурмиши

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Економско-социјалниот совет на денешната конституивна седница ќе ги разгледа барањата на социјалните партнери по што се очекува да се донесат заеднички одлуки и мерки. Ова во изјава за медиумите го истакна министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по потпишувањето на спогодбата за основање на новиот Економско-социјален совет.

Економско-социјалниот совет е свикан денеска, а за претседател е именуван министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Од  Сојузот на синдикати на Македонија и од Организацијата на работодавачи на 1 октомври кога се одбележуваа 100 дена од работата на Владата изразија очекување дека наскоро ќе биде свикана седница на ЕСС. 

- Ќе ги слушнеме барањата и од синдикатите и од работодавачите, односно од сите засегнати страни и на крај ќе донесеме заеднички одлуки и мерки бидејќи сите страни имаме една цел, а тоа е подобрување на стандардот на нашите граѓани. Ќе се разгледуваат сите барања кои ќе бидат поставени на денешната седница, потоа официјално ќе бидат дадени на Економско-социјалниот совет и на наредните седници се очекува да се разгледуваат и ќе се донесат заеднички одлуки, рече Дурмиши.

За Владата, како што посочи министерот, е од клучно значење транспарентниот социјален дијалог, најавувајќи дека сите одлуки, мерки и закони ќе се носат транспарентно, а во рамки на Економско-социјалниот совет ќе ги слушнат сите засегнати страни. фф/бак/

Фото: Принтскрин од видео

Остани поврзан