• понеделник, 23 декември 2024

Дурант ќе го пропушти петтиот натпревар по ред поради повредената тетива

Дурант ќе го пропушти петтиот натпревар по ред поради повредената тетива
Њујорк, 23 февруари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурант нема да игра против Сакраменто на средбата закажана за вечер по полноќ. Така, тој ќе го пропушти петтиот натпревар по ред поради истегнување на тетивата на левата нога. Откако пропушти три натпревари според барањата на протоколот за коронавирус во НБА, Дурант се врати на теренот на 13 февруари против неговиот поранешен тим Голден Стејт. „Нетс“ победија со 17 поени разлика, но Дурант повторно предвреме излезе со повреда на тетивата. „Ѕвезденото трио“ на Бруклин нетс, Дурант - Ирвинг - Харден, одиграа заедно само седум натпревари Бруклин со биланс 20 победи и 12 порази се наоѓа на второто место на табелата во Источната конференција од НБА лигата. зс/

Остани поврзан