• петок, 09 август 2024

Дурант: Французите покажаа одлична кошарка, тие се полни со енергија од публиката

Дурант: Французите покажаа одлична кошарка, тие се полни со енергија од публиката

Париз, 8 август 2024 (МИА) - Кевин Дурант е импресиониран од настапот на Франција во четвртфиналниот натпревар против Канада.

-Тие покажаа одлична кошарка. Полни се со енергија од публиката. Имаа многу тежок натпревар против Германија во групната фаза. Сега знаат дека против Германија ќе биде многу тешко од самиот почеток. Па ќе видиме како се ќе испадне. Но, во плејофот се е сосема поинаку. Затоа, уверен сум дека тие ќе бидат подготвени, изјави кошаркарот на САД.

Американците вечер од 21 часот ќе играат против Србија во полуфиналето од плејофот на Олимписките игри во Париз.

Франција ќе се сретне со Германија од 17:30 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан