• вторник, 30 јули 2024

Дука им го честиташе изборот на Куртовски и Ибраим и најави продолжување на одличната соработка

Дука им го честиташе изборот на Куртовски и Ибраим и најави продолжување на одличната соработка

Дебар, 23 август 2022 (МИА) - Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, им го честиташе изборот за градоначалници Медат Куртовски, на општина Маврово и Ростуше и Аријан Ибраим, на општина Центар Жупа. 

-Од мое лично ме и од име на граѓаните на општина Дебар ви ја честитам победата што ја освоивте на изборите за градоначалник одржани на 20 овој месец година, посакувајќи ви здравје и успешна работа во раководството на вашите општини, стои во честитката на Дука.   

Тој ја нагласува определбата за продолжување на досегашната одлична соработка, во, како што вели, интерес и за доброто на жителите од овој регион. 

-Во изминатиот мандат имавме одлична соработка во сите сфери кои се однесуваат на подобрување на благосостојбата на нашите граѓани, работејќи со чесност, коректност и ефикасност.  Ќе продолжиме да работиме вака, но, уште посилно за овој дел од нашата држава, кој некогаш беше неразвиен, денес и во иднина да добива изглед на земја со европска цивилизација, наведува Дука. 

Дебарскиот градоначалник посочува дека заедно им претстои многу работа, а оти успехот ќе биде резултат на плодната соработка. вт/сст/

Остани поврзан