• понеделник, 23 декември 2024

ДУИ ја заокружува етничката агенда и сега зборуваме за граѓанинот, вели Заев

ДУИ ја заокружува етничката агенда и сега зборуваме за граѓанинот, вели Заев
Кавадарци, 6 јуни 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска изрази задоволство поради тоа што најголемата албанска политичка партија ја заокружува етничката агенда и се насочила кон граѓанинот. Тој денеска по увидот на реконструкцијата на патниот правец Кавадарци-Дреново, одговарајќи на новинарско прашање даде коментар во однос на Зелената агенда на Демократската унија за интеграција, која вчера лидерот на ДУИ Али Ахмети на 19. роденден на партијата ја промовираше како еден од приоритетните столбови на претстојните локални избори.   - Доста беше Албанци, Македонци, Срби, Турци, Власи. Во државата имаме граѓани. Сакам да го поздравам тоа заради тоа што е исчекор, а посебно кога доаѓа од најголемата владејачка партија од албанскиот политички блок. Многу е значајно кога политичарите излегуваат јавно и го даваат својот збор. Тогаш тоа значи нивен завет и обврска и во пракса да го спроведат. Тоа го мислам пред се за СДСМ, но и за ДУИ и за сите други политички партии. Истовремено ги препознавате нивните политики на градење на зелената агенда на Владата, рече Заев.  Потенцираше дека граѓаните од СДСМ и ДУИ, но и од БЕСА и ДПА и сите други партии што се во коалиција во иднина очекуваат јакнење на работниците, јакнење на зелените агенди, заштита на животната средина, развој на економијата преку зелената економија или зелената агенда. - Јас верувам дека ќе дадат резултат. Впрочем, вие ќе не цените, новинарите, а доминантно преку вас граѓаните дали навистина сите наши градоначалници, дали сите наши министри, директори, раководители ќе ја спроведуваат во праска толку значајната зелена агенда за нашиот народ, изјави премиерот Заев. – На 19. роденден на ДУИ започнуваме нова политика и директно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ. ДУИ како целина ја прифаќа Зелената агенда како дел од Европскиот зелен договор и ја додава на нашите програмски столбови како приоритет, рече вчера Ахмети. Во неговиот говор, Ахмети спомена и неколку проекти и активности кои ДУИ ги реализирала во текот на нејзиното постоење. – Воспоставивме еднаквост преку целосна имплементација на Охридскиот мировен договор, легализација на високото образование на албански јазик, децентрализација, национални симболи и култура, албански јазик, правична и соодветна застапеност, интеграција во НАТО, добивањето зелено светло за членство во ЕУ, заедно со многу други придобивки за нашите граѓани, порача вчера лидерот на ДУИ. фф/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан