• понеделник, 25 ноември 2024

ДУИ: Скандалозна е споредбата на ЕУ и Фон Дер Лејен со нацистите од страна на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ: Скандалозна е споредбата на ЕУ и Фон Дер Лејен со нацистите од страна на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 15 јули 2022 Демократската унија за интеграција го осудува навредливиот речник на пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Олга Лозановска која во својот скандалозен говор во Собранието ја спореди Европската унија со нацистичкиот режим, по посетата која ја реализираше претседателката на Европската комисија, г-ѓа Урсула Фон Дер Лајен во нашата земја. Употребата на една таква апсурдна реторика, инспирирана од деструктивната антизападна и проруска идеологија е неприфатлива и за неа нема место во нашето демократско општество. Апелираме до сите пратеници за зрелост, разумност, почитување на етичкиот кодекс на говор во домот на демократијата и пред се за почит кон поддршката што земјите на Европската Унија секогаш ја давале за демократскиот развој на нашата земја. Пратеничката Лозановска јавно да се извини, а ВМРО ДПМНЕ да се огради од говорот на пратеничката барајќи одговорност за зборовите кои што денес таа ги употреби. Демократската унија за интеграција повикува на рационалност и зрелост од сите партии во процесот на одлучување, сега кога е евидентно дека францускиот предлог не го нарушува јазичниот, културниот и историскиот идентитет на македонските граѓани. Демократска унија за интеграција- ДУИ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан