ДУИ: Преносна електроенетргетска мрежа Битола - Елбасан, исполнето ветување
- Уште едно ветување реализирано од нашата програма, Преносна електроенетргетска мрежа од Битола до Елбасан. Поставувањето на камен-темелникот денес во близина на Охрид го означува почетокот на
Скопје, 29 август 2021
Уште едно ветување реализирано од нашата програма, Преносна
електроенетргетска мрежа од Битола до Елбасан. Поставувањето на
камен-темелникот денес во близина на Охрид го означува почетокот на
изградбата на 400-киловолтниот Преносна електроенетргетска мрежа Битола
(Северна Македонија)-Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот-8.
Изградбата на 400 kv интерконективена преносна електроенетргетска мрежа
помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, ќе придонесе
за интерконекција и регионална интеграција на енергетските пазари во
регионот.
Со реализација на оваа инвестиција, во целосна функција ќе се воспостави
енергетскиот коридор Исток-Запад, што значи транзит на електричната
енергија од Бугарија, преку Република Северна Македонија и Албанија до
Италија. Ова е една од важните инвестиции за земјата, имајќи предвид
дека ја започнуваме врската со Албанија. Оценуваме дека ова преносна
електроенетргетска мрежа исто така има за цел да ја зголеми
конкуренцијата во земјата и регионот за инвестиции во енергетската
економија. Оваа инвестиција од 50 милиони евра е дел од Стратегијата за
енергетика одобрена од Владата, која предвидува изградба на нови мрежи
за обновлива енергија. Дури и во време на Пандемија и економската криза,
Владата не престанува да инвестира во инфраструктурата, вклучувајќи го и
енергетскиот сектор и обезбедувајќи енергетска стабилност во земјата.
Овој проект ќе ја подобри безбедноста во снабдувањето со електрична
енергија и ќе биде нов автопат за пренос на електрична енергија што ќе
овозможи пристап до сите економски оператори до извори на енергија и
конкурентни цени. Важноста и потребата за регионалната соработка се дел
од приоритетите во Стратегијата за енергетика која дефинира конкретни
мерки и проекти во однос на прекуграничната врска и преку зголемување на
регионалната соработка во областа на енергетиката, гледаме голема
можност и потенцијал за создавање на одржлива и развојна економија.
Покрај изградбата на преносна електроенетргетска мрежа за енергетски
приклучоци се и важни проекти за гасна интерконекција со земјите од
регионот, од кои на крајот придобивка од најниските и најконкурентните
цени на горивата ќе ја имаат сите граѓани на земјата и регионот.
ДУИ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.