• петок, 05 декември 2025

ДУИ: Нема да бидеме заложници на агенда што ќе ја демонтира еднаквоста, демократијата и европската перспектива на нашата држава

ДУИ: Нема да бидеме заложници на агенда што ќе ја демонтира еднаквоста, демократијата и европската перспектива на нашата држава

Скопје, 2 јуни 2025 

Последните случувања поврзани со антиевропската агенда во регионот се јасен показател дека е во движење еден организиран проект поддржан од моќни проруски и прокинески центри, со цел да се сруши демократскиот поредок на Балканот и да се запре процесот на европска интеграција. 

Станува збор за добро организиран и политички, медиумски и финансиски поддржан проект од антизападни сили кои сакаат да го изолираат регионот и да го претворат во зона под влијание на источни автократии. 
Во ова опасно сценарио, Владата на Северна Македонија и на Република Српска на чело со Додиќ се на првата линија на фронот за саботирање на ЕУ агендата на регионот. 

За жал, активни учесници станаа и одредени албански фракции во актуелната власт, вазали избрани и контролирани од Мицкоски преку обвинителството, со цел да се сокријат криминалните афери кои тежат врз нив.

Тие „албански партнери“, неспособни и корумпирани, не можат да бидат легитимна заштита на еден таков опасен антиалбански и антиевропски проект.

ДУИ јасно порачува: Албанците никогаш нема да дозволат државата да стане сојузник на Додик, како инструмент за саботажа на Брисел во регионот.

Нема да прифатиме да бидеме заложници на една агенда која ќе ја демонтира еднаквоста, демократијата и европската перспектива на нашата држава.  

ДУИ 

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни

Фото: МИА архива 

Остани поврзан