ДУИ: Граѓаните заслужуваат здравствен систем што ќе служи со професионалност, а не извор на збогатување за поединци
- СООПШТЕНИЕ: Скандалите кои ја опкружуваат Клиничката болница во Тетово секојдневно ја шокираат јавноста. Последните вести, кои откриваат дека директорот склучил договор од 300 илјади евра со таткото на снаата, е јасен доказ за невидена морална деградација. Како е можно вакви луѓе, со криминален ум и без ни малку милост, да ги збогатуваат своите семејства додека пациентите, меѓу кои и деца, ги губат животите поради лошото управување и недостигот на лекови и основни услуги?
Скопје, 4 декември 2024
Скандалите кои ја опкружуваат Клиничката болница во Тетово секојдневно ја шокираат јавноста. Последните вести, кои откриваат дека директорот склучил договор од 300 илјади евра со таткото на снаата, е јасен доказ за невидена морална деградација. Како е можно вакви луѓе, со криминален ум и без ни малку милост, да ги збогатуваат своите семејства додека пациентите, меѓу кои и деца, ги губат животите поради лошото управување и недостигот на лекови и основни услуги?
Може ли некој да замисли поголема неодговорност и потполно игнорирање на животот на луѓето? Дали ова е стандардот што министерот за „бизнис“ во здравството го постави за јавните здравствени услуги? Наместо да обезбедат основни лекови и услови за лекување, овие лица одбрале да ја злоупотребуваат болката и страдањето на пациентите за да ги наполнат своите и џебовите на своите блиски.
ДУИ најостро го осудува ова неприфатливо и криминално однесување. Здравството е сектор кој треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови поврзани со неспособни и корумпирани раководители. Оваа ситуација е последица на една неспособна влада и едно раководство кое ги става личните интереси над животите и здравјето на граѓаните.
Апелираме до правосудните органи и сите релевантни фактори да интервенираат веднаш за да се стави крај на оваа морална и институционална катастрофа. Одговорните за оваа деградација мора да сносат законска и морална одговорност за ненадоместливата штета што им ја нанесуваат на пациентите и граѓаните на оваа земја.
Граѓаните на Тетово и целата земја заслужуваат здравствен систем кој ќе им служи со достоинство и професионалност, а не систем кој е извор на збогатување за неколку неодговорни поединци. ДУИ останува посветена на заштита на интересите на граѓаните и обезбедување иднина во која здравјето нема да биде привилегија, туку загарантирано право за сите.
Демократска унија за интеграција
_________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.