• петок, 26 јули 2024

Дуда ќе го именува новиот полски премиер

Дуда ќе го именува новиот полски премиер

Варшава, 6 ноември 2023 (МИА) - Полскиот претседател Анджеј Дуда вечерва ќе ја објави својата одлука за именување нов премиер по минатомесечните избори, изјави шефот на неговата канцеларија.

По консултации и длабоко размислување, претседателот Дуда донесе одлука поврзана со таканаречениот прв чекор (именување влада). Одлуката е конечна, напиша шефот на кабинетот на претседателот, Марчин Масталарек на социјалната мрежа „Х“, додавајќи дека Дуда ќе има телевизиско обраќање подоцна денеска.

Партијата Право и правда (ПиС), која владееше со Полска во последните осум години, победи на изборите на 15 октомври, но го загуби апсолутното мнозинство и веројатно нема да најде коалициски партнер.

Трите проевропски партии кои имаат мнозинство во Парламентот тврдат дека се подготвени да формираат влада предводена од Доналд Туск, лидерот на Граѓанската коалиција и го повикаа Дуда да не го одложува именувањето. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан