• вторник, 05 ноември 2024

Дуа Липа обвинета за плагијаторство

Дуа Липа обвинета за плагијаторство
Лондон, 4 март 2022 (МИА) - Британската поп-пејачка Дуа Липа се соочува со тужба за повреда на авторски права, поднесена од бендот „Артикал саунд систем“. Раперите, имено, тврдат дека таа ја искористила нивната песна „Live Your Life“ за нејзиниот хит „Levitating“. https://www.youtube.com/watch?v=j5VMmTxpYSc Според западните медиуми, од рап-бендот сметаат дека поп-ѕвездата и нејзиниот тим ја имале предвид нивната песна кога ја создале „копијата“. Иако во тужбата музичарите не објаснуваат зошто мислат така, и стручни лица признаа дека има сличности во двете песни, особено рефрените. „Артикал саунд систем“ како обвинети ги именуваше и „Ворнер рекордс“, барајќи да ја добијат цела заработка од песната, како и обештетување. https://www.youtube.com/watch?v=TUVcZfQe-Kw Од тимот на Дуа Липа сѐ уште нема коментари. Таа, инаку, го објави својот последен албум „Future Nostalgia“ во 2020 година, а во една прилика рече дека не очекувала „Levitating“ да стане толку голем хит.  си/сд/

Остани поврзан