• недела, 22 декември 2024

ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор 

ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор 

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за работа при што констатирал дека договорите се со потпис од само еден директор. 

- Согласно законските одредби во однос на потпишувањето на акти, медицинскиот и организацискиот директор имаат заедничка надлежност и кај потпишувањето на договорите за вработување, отказни решенија, јавни набавки итн. Доколку овие акти се потпишани само од еден директор, согласно закон за здравствена заштита се сметаат за непотпишани, но, законодавецот не предвидел глоба по ова прашање, изјави денеска директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.

Најави дека за ова ќе го информираат министерот за здравство кој треба да одлучи понатаму во однос на валидноста на договорите за работа. бд/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан